Еве што точно е договорено на средбата меѓу Заев и Мицковски, Катица го напушта СЈО???

Loading...

На средбата се разговарале за обезбедување услови за одржување фер и демократски претседателски избори и за реформските закони, меѓу кои се и законите за разузнавачките служби.

Заев и Мицкоски не разговарале за предвремени парламентарни избори, а не било  прифатено барањето на ВМРО-ДПМНЕ на нивен предлог да се избира државниот јавен обвинител.

„Ќе обезбедиме изборите да бидат кристално чисти што е важно и од државен и од партиски аспект, изјави Заев, посочувајќи дека верува оти  во предизборието, текот на изборната кампања и на самиот изборен процес сите политички чинители ќе делуваат во таа насока за да не се даде ниту еден аргумент на Европската Унија што би бил слабост во пресрет на добивањето датум за преговори во јуни.

Според Заев, било договорено 20 дена пред почетокот на камапањата да завршат сите јавни настани и промоции, а доколку е потребно на одредени места посочени од опозицијата да се повика на дополнителен мониторинг.

„Фаворити сме со Стево Пендаровски и тоа е најголемата гаранција за кристално чисти избори за да има поголем легитимитет и да биде претседател на сите граѓани, дури и на тие кои гласале за противничкиот табор“, изјави Заев.

Договорено е во текот на изборите да комуницираат изборните штабови.

„Нашите ставови се јасни,  ова Специјално јавно обвинителство треба да се вгради во јавно-обвинителскиот систем на Република Северна Македонија, каде што треба да му се даде шанса на овој капацитет кој е создаден во државата да продолжи на чело со Катица Јанева и целиот тим, не само обвинители, туку и истражители, целиот тим и да биде репер и на тоа ниво ги подигаме капацитетите на останатите јавни обвинителства“, потенцира премиерот Заев.

Тој очекува низ разговарите да се создадат услови законот да се поддржи консензуално.

„Треба некаде до крајот на март да изградиме заеднички ставови и да ги изгласаме сите реформски закони, вклучително и овој закон. Значајно е што во самиот закон има лимитирање на користењето на неовластените прислушувани материјали, а тоа дава за право и опозицијата да го земе ова за алатка, на овие капацитети на севкупното јавното обивнителство да му дадат шанса да видиме како ќе се однесува кон владејачката гарнитура, рече Заев.

Loading...
You might also like