Кочан доби 4 години и 8 месеци затворска казна, а синчето на Авировиќ куртули

Loading...

Четири години и осум месеци затвор за бизнисменот Сеад Кочан, а условна казна за Василије Авироивиќ. Оваа е правосилната пресуда на Апелациониот суд за случајот на СЈО „Труст“, за која денеска ја информираа јавноста.

Според пресудата, делумно се уважени жалбите на обвинетите, бидејќи според првостепената пресуда Кочан беше осуден на шест години, а Авировиќ беше осуден на три години затвор.

-Апелацискиот суд Скопје постапувајќи по кривичниот предмет КЖ-1026/18, во јавноста познат како „Труст“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која жалбите на обвинетите Сеад Кочан од Скопје и Василије Авировиќ од Скопје, делумно ги уважи на начин што ја преиначи првостепената одлука во делот на казната и обвинетиот Сеад Кочан го осуди на казна затвор во траење од четири години и осум месеци, а на обвинетиот Василије Авировиќ му е изречена алтернативна мерка условна осуда, така што му се утврдува казна затвор во траење од две години и истовремено се определува дека утврдената казна затвор нема да се изврши доколку обвинетиот за време од пет години по правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело, велат од судот.

Loading...
You might also like