Пендаровски: Ако дојде до размена на територии меѓу Србија и Косово ќе пропати Македонија

Loading...

Во интервју за хрватски „Jutarnji list“ тој се потсетува на последните претседателски избори, на кои беше поразен од Ѓорге Иванов. Пендаровски тврди дека де факто го победил Иванов, но дека тогашниот режим на Никола Груевски со притисок врз гласачите го променил исходот на изборите.

-Таа година автократскиот режим го доживеа врвот. Јас освоив околу 400.000 гласови, што е политички капитал, кој сега во демократски услови може само да се зголеми. Исходот на изборите од 2014 година беше резултат на бруталниот пртисок на власта врз гласачите. Сите вработени во државната администрација беа присилени да го дадат својот глас за владејачката ВМРО-ДПМНЕ, која ги држеше сите медиумите под апсолутна контрола. На кратко целиот државен апарат со своите ресурси работеше за Иванов. Денеска ситуацијата во државата е поинаква и сите кандидати, а ќе не има тројца, ќе имаат еднаков пристап кон медиумите и еднакви услови за изборна кампања – вели Пендаровски.

loading...
You might also like