Таксист го возел градоначалникот Богоев, ке се изненадите од нивниот разговор

Loading...

Една интересна ситуација објаснува универзитетскиот професор и почитичар Ѓорги Спасов на својот Фејсбук профил, кој објаснува како му течел разговорот со еден таксист:

Таксистот

Се возам вчера во такси од Карпош 4 до Капиштец. Таксистот ме препознава и веднаш започнува разговор. Господине Спасов-вели-. Знаете ли што ми се случи деновиве Што?- го прашувам заинтересирано и очекувам некоја непријатна работа.

“Во моето такси-вели тој пред некој ден се качи она младото момче што е градоначалник на општината Карпош” Стефан Богоев – го потсетувам.

“Да- вели тој.Го возам и тој ме прашува дали има нешто што ми пречи во општината Карпош? Му велам: Градоначалниче. Гледате броеви на зградите по улицата Партизанска? Гледа градоначалникот и вели. Еј. Вистина нема. Е тоа ми пречи му реков- ми објаснува таксистот. И знаете што се случи?

Поминувам по улицата Партизанска само неколку дена по тој случаен разговор и гледам броеви ставени на секоја зграда и од левата и од десната страна. Уште не можам да поверувам дека ова се случува кај нас-вели тој и констатира.

“Камо среќа да имаме градоначалници низ цело Скопје како овој во Карпош”

Некако ми дојде мило да слушнам дека и убави работи се случуваат и има луѓе што знаат да ги забележат и да ги кажат.”

Loading...
You might also like