Кацарска до Поповски: Пренеси и на сопругата дека кај мене не поминуваат ургенции

Loading...

Случајот на СЈО, „Триста“, денеска почна од почеток во Кривичниот суд, откако Апелација ја укина првостепената пресуда, според која обвинетиот Ѓоко Поповски, поранешен помошник министер во МВР,  беше осуден на девет години затвор.

На почетокот на судењето, судијката Добрила Кацарска му порача на обвинетиот Поповски да и пренесе на сопругата да не ургира преку нејзини пријатели.

-Да и пренесете на вашата сопруга да не ги малтретира моите пријатели, зошто кај мене не може никој да ургира за пресуда, рече Кацарска, а Поповски само климна со главата.

Loading...
You might also like