Споменикот на Александар ќе оди за Грција, а за возврат тие ќе ни ја дадат оваа скулптура?

Loading...

Грчката министерка за култура, Мирсини Зорба, предлага Северна Македонија и Грција да направат трампа на скулптури. Ние да им го дадеме „Воинот на коњ“, а тие нам познатата скулптура „Дромеас“ („Тркач“) која се наоѓа на плоштад непосредно пред хотелот Хилтон во Атина.

Станува збор за една од најпознатите атракции во Атина, направена е во 1994 година од стакло и железо и висока е 12 метри. Автор на скулптурата е познатиот уметник Костас Вароцос. „Тркачот“ веќе еднаш беше преместен. Првично беше поставен на плоштадот „Омонија“, но кога почнала изградбата на метрото поради стравот дека од тресењето и вибрациите од градежните активности може да се оштети, е преместена на споменатиот плоштад кај Хилтон.

Извор Плус инфо

Loading...
You might also like