Заев: Рејтингот на СДСМ опаѓа поради непотизмот

Loading...

Премиерот Зоран Заев јавно за прв пат призна дека неговиот и рејтингот на владејачката СДСМ се топи во однос на најголемиот конкурент ВМРО-ДПМНЕ. Според него предноста во однос на опозицијата е намален за околу 6 проценти, поточно опаднал од претходната висока предност од речиси 12 поени споредено со конкурентите.

Главната причина поради која се топи рејтингот на власта според Заев, се скандалите со непотизмот и вработувањата кои излегоа нагло во последниот период.

Во емисијата „Само вистина“ на Канал 5, Заев искрено како ретко кој политичар истакна дека макар еден и два поени да се загубат може да биде опасно во политиката, а потоа многу е тешко да се вратат.

Секако, овие бројки не се егзактни и најверојатно се базираат на интерни анкети кои секоја партија ги спроведува на редовна основа, наместо на сеопфатно испитување на јавното мислење од страна на агенциите за мерење на рејтинг кои се објавуваат вообичаено пред избори или пак кога се случуваат големи политички промени за важни прашања на државно ниво.

loading...
You might also like