Ќерката на Ченто за Внукот Јане: Историјата се повторува

Loading...

Одлуката на Судот, Јане Ченто да биде осуден на 15 години затвор за учество во настаните од 27-ми април, болно одекна во неговиот роден град, Прилеп. Поголемиот дел од прилепчани со жалање констатираат дека казната била превисока, а некои од нив во истата препознаваат и политички реваншизам.

Попладнево се обидовме да го исконтактираме и семејството на Јане Ченто, меѓутоа, нашите обиди останаа безуспешни. Семејниот дом на Ченто беше празен, а неговите родители не одговараа на телефонските повици.

Како што неофицијално дознавме, мајката и таткото на Јане биле во Скопје.

Марија Јакимоска – Ченто, пак, која е ќерка на првиот претседател на АСНОМ, Методија Андонов Ченто, и баба на Јане Ченто, видно вознемирена, во краткиот телефонски разговор за Алфа ТВ кажа дека не е во состојба да дава никакви изјави.

Таа не можела ниту да го гледа изрекувањето на пресудата на Јане, бидејќи, како што рече, болната историја на ова револуционерно семејство, продолжувала да се повторува.

Целата сторија проследете ја на Алфа ТВ.

Loading...
You might also like