Богоевски бара од ВМРО да го продаде седиштето и да основа фонд за помош на осудените за 27 април

Loading...

Статус на Петар Богојески:

“Послание до ПАТРИОТИШТАТА! Почитувани патриотишта, прејаки Македончишта и Вмровчишта,
по повод пресудите за 27ми за дел од осудените, кои по задача од авторитети на ВМРО ДПМНЕ, го сторија делото, Ве известувам како историското ВМРО, кое не ги оставаше своите на цедило, ќе постапеше во ваков случај:

1. Основање на фонд за грижа за семејствата на осудените!!! (Наместо уживање во мермерни палати и имотот создаден на потта на активистите на партијата) На осудените ќе им помогнеше, да поминат поспокојни затворски денови, знаејќи дека за семејствата се грижи ОРГАНИЗАЦИЈАТА!!!

2. Ќе ги преземеше сите мерки, за обезбедување на човечки третман во затворите!!! Секоја злоупотреба и понижување на човечкото достоинство на затворените, ОРГАНИЗАЦИЈАТА ќе го санкционираше!!!

3. Утврдување на правен тим и продолжување на правна битка во земјата и странство, со цел докажување на нивната невиност!!! Сето тоа од средства на ОРГАНИЗАЦИЈАТА!!!

4. Спроведување на интерна истрага во ОРГАНИЗАЦИЈАТА, со цел утврдување на вина на внатрешни елементи, кои предизвикале трагичен крај или судбина за луѓето и нивно казнување!

5. ОРГАНИЗАЦИЈАТА немаше да организира смешна прес конференција, туку ќе дејствуваше!!!

Бидејќи, денес сме 2019 година, можеме да го направиме следното:

1. Продажба на дел од имотот на партијата и собирање на солидарен износ од сите членови, со цел доделување на финансиска и друг вид на помош за финансиски загрозените семејства, во рок од времетраење на затворот на осудените;

2. Поведување на активности пред институциите на РСМ, со цел обезбедување на соодветен затворски третман;

3. Формирање на правен тим, кој за сметка на ВМРО ДПМНЕ, ќе ја преземе “правната грижа”, во понатамошна судска постапка;

4. Одлука на ЦК на ВМРО ДПМНЕ, со која во целост ги осудува настаните од 27ми, осуда на наредбодавачите и нивно исклучување од членство во партијата, особено осуда на бегалецот од вистината и правдината!!!

5. Обезбедување на признавање на делото од “наивните учесници”, кои немале службена положба и овластување, а за сметка на тоа, итно поднесување на предлог закон и силна, политичко – правно издржана, заложба за амнестија!!!

Но почитувани мои патриотишта, ниту сме ВМРО, ниту сме модерна политичка структура… за жал станавме субјект за потсмев!!!

Од еден предавник”

Loading...
You might also like