Шест градоначалници кои го кријат имотот ќе добијат казна од 200-400 евра

Loading...

Шест градоначалници немаат доставено Анкетен лист за имотната состојба и изјава за интерес, изјави денеска претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска. По извршениот увид што Комисијата го извршила во својата евиденција за градоначалниците.

По изборот на функцијата, шестмина градоначалници немаат доставено Анкетен лист за имотната состојба и изјава за интереси, и тоа – Милкије Халими, градоначалничка на Арачиново, Исен Шабани, градоначалник на Врапчиште, гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари, в.д. градоначалникот на Охрид Константин Георгиески, на општина Теарце Исен Асани, како и градоначалникот на општина Сопиште Стефче Трпковски.

Loading...
You might also like