ЕКСПЛОЗИЈА! Филипче призна дека е катастрофа дравното здравство: Подобро да купуваме приватно здравство, отколку да вложуваме во државни болници

Loading...

Во гостувањето во Топ тема на телевизија Телма, министерот за здравство Венко Филипче, објасни што значи најавата за јавното приватно партнерство во брзата помош и зошто се иницирал овој процес. Новата намера на министерството за здравство е државата да почне да купува здравствени услуги од приватните здравствени установи.

-Проблемите со кои се соочува системот и неговите недостатоци, не натераа да пронајдеме уште едно алтернативно решение кое функционира во многу европски земји. Од физибилити студијата очекуваме да ни каже дали истата сума на средства која што сега се користи за итната помош и набавка на возила, плати и тренинг на вработените, може да се искористи на порационален начин за да имаме поефикасен систем. Како систем постои делумно во Италија, Велика Британија, постои во некои од покраините на Германија, изјави министерот Филипче.

Loading...
You might also like