ЈАВНОСТА ВРИЕ ОД БЕС, ОВА СЕ ТЕШКИ ПСИХОПАТИ: Братот и сестрата Шулевски стојат зад фондацијата ,,Допир,, со која ги измамија донаторите!

Loading...

Братот и сестрата Миле Шулевски(53) и Анета Шулевска(49), стојат зад фондацијата ,,Допир“, која сѐ досега се прикажуваше како хуманитарна и преку која за жал имаат измамено илјадници донатори.

Тие подолго време објавуваа повици за донирање на болни деца, но парите наместо за лекување, ги трошеле за свои потреби.

МВР утврди дека за оваа намена се формирани повеќе лажни профили на социјалните мрежи, интернет страници и портали, како и измислени приказни со фотографии од деца, кои наводно се болни од тешки болести.

Анета Шулевска на ФБ им се заблагодарувала на донаторите

Двајцата заработија кривични пријави, а тие не се непознати за скопската јавност. Нивните соученици од гимназија кои ги познаваат, велат дека ова не е првпат братот да се соочува со законот. Кажуваат дека отсекогаш живеел на висока нога, а едно од неговите деца студира во странство.

Во меѓувреме полека згаснуваат страниците на ,,Допир“ на социјалните мрежи.

Преку оваа фондација се проневери донации во износ од најмалку 50.000 евра.

loading...
You might also like