БОМБА! СЕ СПРЕМА СЦЕНАРИО ЗА ИЗБОРИТЕ? МОЖЕН Е ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ „ КРВАВ ЧЕТВРТОК „ !? 

Loading...

Илија Максимовски фб статус

Доколку изборите пропаднат во вториот круг, сосема е можно во земјава да се случи нов „крвав четврток „ ! „ Врвот на СДСМ е спремен за „ посебни начини „ Пендаровски да победи, дури и ако изборите пропаднат во вториот круг заради бојкот и неизлезност „ изјави неодамна партискиот генерален секретар Александар Кирацовски !
Иако тој нема некој особено висок интелектуален политички рејтинг, по сопствена заслуга,сепак оваа негова изјава може да се сфати како протечена и ненамерна информација за најава дека коалицијата на власт е подготвена за специјални „ посебни начини „ Пендаровски да победи !? Тоа што Кирацовски навистина нема некој политички капацитет да знае дека единствен начин да се добијат избори е легалното спуштање на гласачките ливчиња од граѓаните со право на глас во гласачките кутии, не е никакво оправдување на ваквата негова дилетантска и наивна, но во секој случај опасна изјава доколку врвот на СДСМ се подготвил за резервна опција и спремност на изборни инциденти и фалсификат за својот кандидат Пендаровски да го „ направи „ шеф на државата со полнење кутии, „бугарски возови„, битолски шеретлуци, . . . или дури и насилно прогласување победа без разлика на реалните резултати во вториот круг !
За такво насилничко сценарио СДСМ ги има на располагање сите услови, веројатно поради што Кирацовски и се осоколи да се пофали , најави, или му „излета„ информацијата дека во резерва неговата партија имаат „посебни начини„ во случај да киксне изборот на Пендаровски каде токму Кирацовски е шеф на изборниот штаб па веројатно веќе калкулира каква награда ќе добие за евентуална изборна победа на Пенадровски ! СДСМ и коалицијата ја имаат комплетната власт во државата, МВР, медиумите, дури и АРМ каде Ѓорге Иванов, вклучително и неговите генерали кои тој ги именуваше, веќе никој и не го ферма за жив !
Фингираната опозиција, или поточно, Кристијан Мицковски со секој ден до денот на гласањето за Претседател се повеќе е предмет на политички потсмев и мајтап. Сосема е јасно дека при случување на изборни нерегуларности, фалсификати или изборно насилство од неговата ДПМНЕ не треба да се очекува ништо повеќе од партиско соопштение или прес конференција. Истовремено на Мицковски многу повеќе му тежи и виси над главата неговата сеуште неразјаснета улога во „крвавиот четврток „ кога негови членови се обидоа да го убијат Зоран Заев и Зијадин Села, како и неговите бизнис врски токму со Владата на Заев и лично Кочо Анѓушев во работењето на наводно, приватните хидроцентрали ? Но, бидејќи во опозиционата ДПМНЕ после изрекувањето на 220 години затворски казни за „крвавиот четврток „ во Собранието на 27 април, состојбите се ептен напнати, „ претседателскиот крвав четврток „ може да биде многу помасовен и посложен, бидејќи голем дел од партиските луѓе заглавени во криминал од времето на Никола Груевски сеуште се преплашени што се може да откријат истрагите кои се водат и во СЈО и во МВР и особено што Јавниот обвинител Љубомир Јовевски е се поблизу до редовна или предвремена пензија ?!
Дека на денот на претседателските избори а особено во деновите на броењето и прогласувањето на резултатите за „ завземањето „ на институцијата Претседател на Републиката ,. . .покрај завршувањето на фазата „ Северна Република Македонија „ која Стево Пендаровски доколку стане Претседател, со посебен жар ќе ја официјализира и формално и суштински, простор се обезбедува и за непречено функцинирање и заштита на криминалните структури кои за кратки две години колку што се на власт во Владата на Зоран Заев, веќе имаат дебели криминални дела што е и суштинската опасност идните парламентарни избори да ги изгубат, кога се отвора повратниот процес, тогаш тие да бидат главна содржина и тема од апсења, притвори и судски процеси за криминал кога позицијата на Претседателот со амнестии, помилувања, влијание на многумина живот ќе им значат ! Токму поради тоа и покрај забавно – атрактивните настапи на претседателските кандидати Пендаровски, Силјановска – Давкова а тука некаде е и Блерим Река, иако тој мангупски се смешка, скриените интереси, но и стравови кај многу луѓе во сегашната и идната „ претседателска „ власт – денот на гласањето го прават вонредно ризичен најмногу што и сите страни од „крвавиот четврток„ се тука!

loading...
You might also like