Силјановска Давкова, а особено Мицкоски, политички „самоубиствено“ одат на идеолошка и политичка конфронтација со сите кои не се етнички Македонци

Loading...

Изминатите денови од претседателската кампања сега веќе сосема јасно ја „бетонираа“ најгруевистичката можна политичка линија во ВМРО-ДПМНЕ како доминантна изборна платформа. Не само што во кампањата на Мицкоски и Силјановска Давкова нема ни еден милиметар дистанцирање од наследството на Груевски, туку се чини дека тие во одбраната на „ликот и делото“ на груевизмот одат и „потврдо“ од тоа што самиот Груевски би го правел!
На пример, во оваа политичка ситуација, Груевски сигурно ќе најдеше некаква варијанта на третирање на албанските гласачи како извесен, макар минимален потенцијал за поддршка на својот партиски кандидат… Силјановска Давкова, а особено Мицкоски, политички „самоубиствено“ одат на идеолошка и политичка конфронтација со сите кои не се етнички Македонци, можеби верувајќи во претпоставката дека во вториот изборен круг изборниот судир ќе се одвива само во македонското етничко гласачко тело во кое, тие тврдат, имаат поголема поддршка од СДСМ. Само една таква непромисленост може да ја оправда ваквата, бездруго, губитничка изборна стратегија.

loading...
You might also like