Заев, Силјановска и Димитров со сочуство: Колку е тажно да се гледа Нотр Дам во пламен

Loading...

Нотр Дам предизвика тага во целиот свет, а за пожарот се огласија и македонските политичари.

Гордана Силјановска Давкова, кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, се огласи на Фејсбук со голема тага.

– Изразувам најдлабоко сочуство со францускиот народ во оваа трагична ноќ. Богородичната црква е светол пример на брилијантноста на човековата умешност и способност. Се надевам дека што поскоро повторно ќе ја здогледаме во сиот нејзин сјај. Амбасадоре, Македонија стои покрај вас! 

 

И премиерот Заев изрази сочувство вчера на Твитер, по повод настанот кој го потресе светот.

 

Се огласи и министерот Димитров: – „Колку е тажно да ја гледате катедралата Нотр Дам во пламен. Сета наша солидарност кон францускиот народ и сите католици. Храброст за пожарникарите што се борат да го спасат ова светско наследство“, напиша Димитров на француски јазик на Твитер.

 

Инаку, катедралата во Нотр Дам се запали вчера околу 18 часот, а пламените јазици кои ја голтаа беа ужас за сите.

Loading...
You might also like