Министерот Тевдовски смета дека младите сакаат да плаќаат високи даноци?

Loading...

Прогресивниот данок нема да го зголеми иселувањето, затоа што оние кои заминуваат одат во држави каде даноците се уште повисоки, а изборот им е поради подоброто функционирање на тамошните институциите отколку тука.

Ова го посочи министерот за финансии Драган Тевдовски на денешната дебата „Ајде да зборуваме за даноци”, одржана на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово во темата како со прогресивниот данок да се намали иселувањето.

-На пример, младите се иселуваат во земји каде има 45 отсто данок. Значи не одат заради висината на данокот, туку поради тоа што таму за разлика од овде подобро функционира здравството, образованието, има подобри патишта и функционално општество.

Затоа ние сакаме да ја зајакнеме целокупната економија со подобри платени работни места. НАТО интеграциите се добра можност за нови странски инвестиции и остварување на оваа замисла, рече Тевдовски одговорајќи на студентите.

Loading...
You might also like