Најчевска до ВМРО-ДПМНЕ: Четири години акавме по улици за да ве тргнеме од власт поради правда која сега вие ја барате

Loading...

Статус на Мирјана Најчевска:

Не знам што да кажам. Или мислат дека се обраќаат на златни рипки со меморија од три минути или самите се златни рипки со меморија од три минути.

Па добро бре четири години акавме по улици за да ве тргнеме од власт и да донесеме промена затоа што ја направивте државата легло на криминал и неправда.

И во моментот кога ве тргнавте вие излеговте на улица со барање за правда.

Ја барате онаа правда која ја згазивте во изминатите 11 години на ваше владеење или онаа која одбивавте да ја препознаете кога бвте властодржци или станува збор за некоја друга правда која нема врска со криминалите направени во текот на тие 11 години?”

loading...
You might also like