Силјановска: Државата дозволи Груевски да избега како Индијана Џонс

Loading...

Зборуваме за слаба држава, држава која е пропадната, која дозволи Груиевски да излезе од неа како Индијана Џонс-вели професорката и кандидат на ВМРО ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова во неделното интервју за Радио Слободна Европа.
На прашањето о како лично гледате на бегството на Никола Груевски од Македонија-Силјановска со одговор:

Лично не можам воопшто ни да кажам како гледам лично, како на нешто што укажува на неспособноста на правниот и на безбедносниот систем на Македонија или пак можеби на тоа што има способности на Индијана Џонс, или пак заради тоа што некој тоа пропушти да го спречи или му го овозможи. Значи зборуваме за слаба држава, за држава која е на границата на пропадната бидејќи ако не функционираат безбедносните структури нешто не е во ред со таа држава.

Loading...
You might also like