Зекири: Горчлива победа, време е за одговорност на функционери на СДСМ и на дел од албанската елита

Loading...

Потпретседателот на СДСМ и пратеник од редовите на оваа партија, Мухамед Зекири, по денешниот прв круг од претседателските избори му ја честиташе победата на владејачкиот кандидат Стево Пендаровски, но воедно истакна дека станува збор за горчлива победа.

„Резултатот поука за сите нас! Граѓаните знаат да наградат, а и да казнат. Посебна честитка до гласачите Албанци кои дадоа поддршка за Стево Пендаровски, како и за извонредниот резултат и поддршката што ја доби кандидатот Блерим Река! Граѓаните Албанци јасно демонстрираа дека е дојдено време од политичката сцена да се пензионира голем дел од политичката елита на Албанците во Република Северна Македонија! Време е и за одговорност и на дел од функционери од нашата СДСМ!“, напиша тој на неговиот фејсбук профил.

Loading...
You might also like