Но, зарем сме заслужиле да ни се врати Груевски? Па ние не можеме планови за иднината да правиме сѐ додека Груевски му ги пишува говорите на Мицкоски. Тој во Будимпешта пишува, а Мицкоски тука со врескање го кажува истиот текст. Груевски од Будимпешта бара правда. А професорката по право Гордана Силјановска-Давкова тоа барање најбесрамно го оправдува!

Loading...

Не ти гласам веќе?

Оваа власт можеби не заслужила глас, оти не ги исполнила очекувањата. Оти, Заев успеа да се справи со бандитите и да преживее со скршената глава на 27 април 2017, ама не успева да се справи со своите мрзливци, арогантни манипулатори и опортунисти. Но, зарем сме заслужиле да ни се врати Груевски? Па ние не можеме планови за иднината да правиме сѐ додека Груевски му ги пишува говорите на Мицкоски. Тој во Будимпешта пишува, а Мицкоски тука со врескање го кажува истиот текст. Груевски од Будимпешта бара правда. А професорката по право Гордана Силјановска-Давкова тоа барање најбесрамно го оправдува.

Правда ќе има. Кога Груевски ќе биде испорачан од Будимпешта за да си ја отслужи казната. И кога најбогатата партија во Европа ќе ги врати украдените пари од сите нас. А не уште и кристалните лустери да ги раздава. Од замрзнатиот имот.

Линк до колумната, овде.

 

loading...
You might also like