Така што своите закани и казни народот може да си ги обеси како гранитни кугли на своето куре: нема да му се дига, ама ќе му биде големо. 

Loading...

Ха, народот ја казнил власта и се заканува дека во вториот круг може да ја казни уште пострашно.
Опасен некој народ!
Еден од начините да се спасам од него, е да го пуштам да ги оствари своите закани!
Не треба да мрднам со малиот прст за да се спасам од нив, а и на нив нема да и треба многу за да се спасат од мене и од власта. И од себе.
Само треба да си го начукаат далечинскиот управувач во газот откако претходно ќе го натопат во солна киселина или во некој јак отров, полониум или, можеби, новичок.
Ниту една власт после нема да може да ги заебава. Освен кога ќе се вршат ископи, па некој археолог ќе налета на коските на Силјановска. Или на Мицко. И нема да може да ги изневерува во идеалите да не работат ништо, а да живеат добро. Колку-толку. Да има за сливка, за велигденско јагне и за новогодишна сарма.
И децата ако може, а ќе може, нема каде, да ги утупави во некоја државна служба.
Така што своите закани и казни народот може да си ги обеси како гранитни кугли на своето куре: нема да му се дига, ама ќе му биде големо.
Строго глупави и злобни луѓе го наоружаа народот со корпички за пеперутки и го пуштија да ги фаќа грешките на власта. Не му дозволија да поужива малку во природата, во дрвата и грмушките, во цвеќето, во тревата, во хоризонтот, во перспективите, во епиката и лириката на просторот и времето, туку само да трча како будала по пеперутките на власта. Главата да си ја скрши. Тие го подготвија да промаши се: и времето и критериумите и целите и себе си да се промаши, а сепак да се убие. Од втор пат. Ај да видиме.

loading...
You might also like