ГОРАН МИХАЈЛОВСКИ: Допрва почнува вистинско владеење на Заев, oва до сега беше гасење пожари и вадење од калта, и допрва ќе го цениме дали го бива или не, оти, веќе нема нема оправдување за калкулации

Loading...

Завршува најлошата деценија од современата историја на македонската држава, во која токму Иванов ја имаше историската одговорност за злото што го поддржуваше. До последниот ден од неговиот мандат.

И белким веќе ќе завршиме со историски настани. Историски преговори, историски договори, историски документи, историски судења, историски посети, историски извештаи, историски избори… Дај сега веќе од историја да се преселиме во сегашноста. Да се бавиме со животот.

Од идната недела мене ме интересира само како ќе владее Заев. И фино што си зел неколку слободни денови. Малку од дистанца да погледне каде бевме, до каде дојдовме и што треба да правиме. И со кои луѓе.

Допрва почнува неговото вистинско владеење. Ова до сега беше гасење пожари и вадење од калта. И допрва ќе го цениме дали го бива или не. Оти, веќе нема нема оправдување за калкулации. Не се сомневам дека Заев ја сфатил пораката од граѓаните помеѓу двата изборни круга. Затоа и вети метла. Дека ќе се фати за метла, ќе се фати. Ама не сум баш супер оптимист што таа метла ќе значи. Дали ќе донесе темелно чистење на системот. Или само ќе крене прашина.

Линк до колумната на СДК.МК

loading...
You might also like