Дали Груевски ги објавува новите бомби? Експлодира нова бомба од локација Будимпешта!!!

Loading...

На руската социјална мрежа „ВКонтакте“ вечерва корисникот со псевдонимот „Илија Громовник“ објави нов прислушуван разговор, во кој тврди дека се слуша гласот на пратеникот Павле Богоевски. На профилот стои дека моменталната локација му е Будимпешта и најавува дека ова е прва од новиот сет „бомби“.

Корисник со истиот псевдоним пред еден месец објави четири телефонски разговори насловени како: „Оливер и Гордана“, „Кочо и Саше“, „Фрчко и Алберт Муслиу“, и „БЦ и Дамјан Манчевски“.

Според Законот за заштита на приватноста донсен во 2015 година, објавувањето на вакви разговори е забрането.

“Со законот се утврдува и забрана за поседување, обработка, јавно објавување и располагање на било кој начин со материјали кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите извршени во периодот од 2008 до 2015 година, вклучувајќи и нивно користење и располагање во изборен процес, политички или други цели и постапки.“

Loading...
You might also like