Кавадарчанец доби 500.000 евра на лото – еве како ќе ги искористи парите

Loading...

Пензионер од Каварадци, со среќните броевите на сопругата, на семејството му донесе близу 500.000 евра.

„Денес во просториите на Државна лотарија се запознавме со дел од семејството на нашиот прв добитник на примија од играта Лото 7. Почитувајќи ја неговата желба за анонимност, ја споделуваме среќната приказна која го довела до најголемата премија во историјата на Државна лотарија.

Нашиот среќен добитник е пензионер од Кавадарци. Тој е редовен лото играч и негов омилен ден за уплата е понеделник, за добар почеток на неделата. Живее во центарот на Кавадарци и уплаќа во продажнотое место Браво Нутс, во близина на старата автобуска станица. Уплатата со вкупна вредност од 100 денари за пет комбинации, ја извршил на 6ти мај, во понеделник. Во комбинациите со броеви, редовно уплаќа по една комбинација со среќни броеви на неговата сопруга. Од 5те уплатени комбинации, третата комбинација е комбинација со броевите на неговата сопруга и токму таа е добитната комбинација на броеви, извлечени во 5тото коло на играта Лото7. Броевите на сопругата: 9, 11, 13, 21, 23, 25 и 32 му донесоа 7ка вредна 29.293.930,00 денари. Нашиот среќен добитник ни ја соопшти одлуката дека средствата ќе бидат да бидат распеределени на нивните деца.

Loading...
You might also like