Бранко Геровски: Срам да ти е другар Павле, уште вечерва да си поднесеш оставка

Loading...

Објавениот разговор, но и денешното образложение на Павле Богоевски ја разбранува Македонската јавност. Со свој статус се јави и Бранко Геровски:

,,А не, не со тие куршуми, другар Павле. Ти самиот јавно призна дека нелегално си набавил психотропна супстанца, масло од канабис. Не со рецепт, не во аптека. Тоа не е дозволено и од тебе се очекува да го кажеш името на трговецот. Најмалку тоа.

За политичката одгововорност не сакам ни да те потсетувам – во земја која ја легализираше медицинската употреба на канабисот, човек што носи голема општествена одговрност како пратеник избран од народот, знае што треба да стори. Уште вечерва. Без одлагање.

Што се однесува до снимањето, точно е дека тој што те снимал сторил кривично дело и дека нелегално прибавената снимка не може да биде доказ во некоја идна кривична постапка. Но, твоето јавно признание е легален доказ. На полицијата и на обвинителот им отвори работа.

loading...
You might also like