Марин Ле Пен води на сите анкети во Франција

Loading...

Францускиот екстремно десничарски Национален собир (РН) ужива за два процентни поени поголема популарноста од блокот на центристичката партија Републиката во движење (РЕМ) на претседателот на Франција, Емануел Макрон, покажуваат резултатите од анкетата на „ОпинионВеј“ објавени денеска.

Според оваа анкета, РН, поранешниот Национален фронт (ФН), на Марин Ле Пен, на изборите за Европскиот парламент закажани за 25 мај може да се надева на 24 отсто од гласовите, а РЕМ, која настапува во коалиција со Демократското движење (МоДем), би добила 22 проценти.

Разликата меѓу РН и РЕМ на сите анкети последнава недела се движи меѓу еден и три процентни поени.

Зад водечкото дуо, на трето место, според анкетата, е конзервативната партија Републиканци (ЛР), која има поддршка од 14 отсто.

Далеку зад нив се левичарската Непокорната Франција (ФИ) со осум отсто поддршка и Европа екологија – Зелени (ЕЕЛВ) со седум проценти.

Блокот на Социјалистичката партија (ПС) и Јавно место (ПП), според анкетата има 5,5отсто поддршка или само 0,5 процентни поени над изборниот праг за учество во распределбата на мандатите.

loading...
You might also like