Тричковски: ВМРО ДПМНЕ никогаш нема да се врати на власт

Loading...

Статус на Бранко Тричковски:

,,Нема датум за враќање на власт. Што ќе правиме ако не добиеме датум во јуни!? Ќе чекаме во јули! А ако не добиеме и во јули!?

Ќе отидеме на одмор и ќе чекаме тоа да се случи во септември, поверојатно во октомври! И ќе работиме. Сите, не само владата. Да нема некој попаметна агенда?

Имам само еден фикс, кој би требало на нацијата да и обезбеди покомотно однесување, без глупави надежи или стравови:

И со датум и без датум и со членство во Унијата и надвор од Унијата, во никакви редовни или вонредни околности, вмро-дпмне нема да добие датум за враќање на власт, зашто дури и изчезнувањето на Македонија, не е толку лоша опција ако се случи пред да ја јавне Зло!”

Loading...
You might also like