Тамара избрана за најлошо облечена на Евровизија?

Loading...

Секако добро е познато дека на Евровизија освен награда за најдобра песна, се добива и наградата „Барбара Декс“ која што секоја година оди во рацете на најлошо облечените евровизиски претставници.

Претставникот на Португалија ја доби наградата за најлошо облечен претставник на овогодинешната Евровизија
Можеби ќе те интересира

Сроилов ја напушти салата затоа што манифестацијата била…

Годинава наградата отиде во рацете на претставникот на Португалија Конан Осирис.

Но според  гласовите на публиката, кои се собираат една недела по завршувањето на евровизискиот натпревар, нашата претставника Тамара Тодевска, која носеше смарагден фустан креиран од познатиот македонски  дизајнер Александар Ношпал, се најде на петтото место на најлошо облечените претставници.

Инаку на овогодинешното 64-то издание на Евровизија, Тамара Тодевска не претставуваше со песната „Proud“ и заврши на високото седмо место.

Во креации на познатиот македонски креатор и дизајнер до сега на евровизиската сцена блеснале повеќе македонски претставници. Ношпал беше креатор на аутфитот на XXL кој не претставуваа во 2000 година, Каролина во 2002 и трагично загинатиот Тоше Проески во 2004.

Македонија не е прв пат да се најде помеѓу првите најлошо облечени претставници на Евровизија. Минатата година токму нашите претставници од  „Ај кју“ ја понесоа наградата „Барбара Декс“ а исто така и Мартин Вучиќ кој ја претставуваше Македонија во 2005 година.

Loading...
You might also like