Сугаревски почна да ги пушта и да се фали со автопатите што ги градеше Грујо

Loading...

Автопатот Миладиновци-Штип беше пуштен во употреба без свечености, за да можат граѓаните да го користат што побрзо, спротивно на тврдењата дека СДСМ го кочи неговото отворање, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски во Централниот дневник на 1ТВ.

-Штом се обезбедија безбедносните услови коишто ги споменувавме претходно, веднаш во средата беше пуштен во употреба експресниот пат Миладиновци-Штип. Во неколку натписи изминатиот период читав дека во изминатите две години СДСМ намерно го кочела пуштањето на патот во употреба, што апсолутно не е точно. Кога дојдовме на власт имаше бројни нерешени проблеми и патот, ако сакате, беше направен 55%, а 45% не беше бидејќи немаше потпишано анекс на договор затоа што на 1 мај 2017 требаше да биде готов. Ние потпишавме на 30 септември и за неполна година и пол патот беше направен. Проблеми што излегоа дополнително беше писмото пратено од кинеската компанија за безбедносните огради кои беа во проектот, но не и во сметката, рече Сугаревски и нагласи дека пред пуштањето во употреба, најважна била безбедноста на патниците.

Loading...
You might also like