Мијалков рокна бомба: Во Македонија сеуште се прислушкува?

Loading...

Мијалков го потсети сведокот дека израелска фирма во неговата канцеларија им презентирала т.н. тактичка опрема за прислушување и оти тогаш Израелците поставиле уред на прозорецот и отвориле три лаптопи преку кои се фаќале телефонските броеви кои разговарале во тој момент и оти во живо можеле симултано да се слушаат 30 луѓе.

– Како можете да гарантирате дека некој друг на ваков начин нема извршено прислушување? – рече Мијалков.

Костовски одговарајќи рече дека при ваквото снимање квалитетот на едниот сигнал не бил добар, а разговорите кои се предадени во СЈО, според него, се со одличен квалитет и од двете страни. Мијалков рече дека не е така, а во неговото испрашување посочи и оти Израелците им презентирале авторизиран извештај дека на територијата на Скопје во тој момент работеле такви уреди за снимање кои не се од МВР.

loading...
You might also like