Можно е Заев да поднесе оставка деновиве?

Loading...

Премиерот Зоран Заев вчера за „ТВ 24“ објасни дека во игра се сите опции како враќање на мандатот, предвремени парламентарни избори, реконструкција на владата, но и друг наместо него да добие мандат за да формира влада.

Доколку се оствари такво сценарио, Заев треба најпрво да го врати мандатот кај претседателот Стево Пендаровски. Од тој момент владата е оставка и на сцена стапува шефот на државата.

Доколку тој утврди дека парламентарното мнозинство од најмалку 61 пратеник е задржанно има десет дена да го додели мандатот за формирање влада на партијата која има најмногу пратеници во Собранието, а пак новиот мандатар има 20 денови да излезе со новиот владин кабинет кој повторно ќе треба да ја добие поддршката од пратениците.

Некое од овие сценарија би се случило доколку Премиерот не успее во намерата да ги убеди Европските лидери да ни дадат датум за почеток на преговори со Европската унија.

loading...
You might also like