Захариева: Самиот Гоце Делчев има кажано дека е бугарин, да не беше Тито македонците уште ќе беа бугари

Loading...

Неуспехот на заедничката историско-образовна комисија со Бугарија да усогласи текст за Гоце Делчев, крена тензии на релација Софија-Скопје. Бугарската страна е особено погодена од предлогот на експертите од земјава, Делчев заеднички да се чествува на 7 октомври, ден кога во 1946, Бугарија ги предала моштите на Македонија. Министерката за надворешни работи Екатерина Захариева деновиве имаше повеќе јавни настапи во бугарските медиуми во кои со агресивен тон зборуваше на оваа тема.

Таа во интервју за БТВ вели дека нема компромис со вистината.

– Тоа Гоце Делчев самиот си има кажано што е – Бугарин е. Го напишал десетици пати – рече Захариева.

Таа вели дека целата идеја за македонската нација е создадена на основата на разделување од Бугарија.

За предложениот датум за заедничко чествување, вели дека се работи за едно од најголемите предавства извршени од Бугарската комунистичка партија.

– Тоа е одбивањето за признавање на Македонците за Бугари под притисок на Сталин и Тито, кои не сакаат голема балканска држава, каква што била Бугарија. Под притисок на Сталин, Георги Димитров ги враќа коските, всушност не ги враќа, туку ги испраќа коските во Скопје. Јас кога првиот пат го видов предлогот реков – тоа шега ли е – рече Захариева.

loading...
You might also like