Каракамишева: Балерината Најчевска да одговори каков говор се квалификациите “небањати”,”вмрани” и “жмрони”

Loading...

Поделбата во Македонското општество е голема. Освен партиска, сега таа се прошири и на тоа дали некој го поддржува новото име на земјата или не. Па така, тие што го поддржуваат ги нарекуваат “Северџани”.

Професорката Мирјана Најчевска за “Радио Слободна Европа” тврди дека “северџан” е класична употреба на говор на омраза. Луѓето може не го разбирааат тоа, но се работи за учебникарски пример, вели професорката.

“Со употребата на овој термин одредена група на луѓе се прави обид да се дехуманизира или во случајов да се деидентизира. Значи некои луѓе се обидуваат други луѓе да ги наречат на начин кој не само што омаловажува и понижува туку и им одзема одредени карактеристики.

Тоа може да води било во ограничување на правата на тие луѓе во одредена ситуација, било во создавање на непријателска атмосфера и во иднина оправдување на насилно однесување кон оваа група луѓе”, вели Најчевска.

loading...
You might also like