Нуклеарка на Геровски! Дали се работи за Боки 13 и Ордановски? Погледнете како се рекетираат бивши функционери и бизнисмени

Loading...

Главниот спонзор се повлекува?!

По три нешта оваа рекетарска група се разликува од сите други за кои сумслушнал (да, другарчиња, има и други групи). Првата работа е што главниот рекетар Коки троши огромни суми кеш (што за себе лично, што за медиумот), кои не може да ги обезбеди во доволна количина ни со спонзорства ни со рекет од домашни извори. На тоа се надоврзува втората специфика на оваа група – таа „увезува“, а веројатно и „извезува“ кеш во една соседна земја. Третата, клучна карактеристика е што главен партнер на Коки и на Кики во овој увоз-извоз е близок советник на власта, кој потекнува од таа соседна земја. Вистинскиот странски извор на тие пари, пак, засега не го знае никој од информираните извори со кои сум разговарал за темава.

Но, за тоа и за опасните политички импликации од таа врска, ќе стане збор во следните продолженија на оваа рекетарска сага. Да да, другарчиња, да не мислевте дека тука запирам?

loading...
You might also like