Збесна цела Македонија! Најомразените министри Анѓушев и Филипче ќе останат во Владата да го дотолчат рејтингот на СДСМ?

Loading...

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, во интервју за ТВ Телма рече дека посреќни ќе бидеме ако живееме во реална, отколку во виртуелна економија, во која државата ги генерира бројките, туку тоа треба да биде реалната економија, истакна Анѓушев, оценувајќи дека никогаш досега во овие 27 години сме немале подобри бројки во економијата.

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, во интервју за ТВ Телма рече дека инвестициите лани достигнаа 624 милиони евра, од кои 400 милиони се директни странски инвестиции, а 200 милиони е реинвестирана добивка, во првиот квартал има раст на инвестиции за 9,5 отсто во однос на првиот квартал лани.

Тој рече дека овие бројки се врз база на реална економија, а не врз основа на измислена економија од страна на владата и измислени проекти што даваат брзи резултати и долгорочни проблеми.

Се градат 30 фабрики од кои 20 во ТИРЗ, а седум-осум надвор од нив. Растот на БДП од минус од пред две години сега е четири проценти. Растат и платите, во последната година има раст на просечната плата за шест проценти, а за две години се вработени 50.000 лица од кои помалку од 2.000 се во јавната администрација а другите се во реалниот сектор.

loading...
You might also like