Тимоние: Не смее да има датум за Северна Македонија на толку криминал и корупција

Loading...

Францускиот амбасадор Тимоние денес предизвика изненадување во “Холидеј Ин“, каде во својот настап индиректно најави дека Македонија нема да добие датум за преговори со ЕУ ниту во октомври. На работниот семинар за администрацијата учествуваше и министерот Дамјан Манчевски, а претседавач беше новинарот Васко Попетревски.

Што сте запнале со тој датум? Па имате толку многу проблеми. Во Струга градоначалникот се однесува скандалозно, УНЕСКО ќе ви го одземе статусот на Охридско Езеро, имате толку многу корупција, се менуваат директори на школи на дилетантски начин, блесаво е да барате датум за преговори овој период, имате толку многу проблеми, ќе треба уште да работите за да бидете спремни за датум, чудна ми е таа ваша опседнатост со датумот! Ние не треба да ве оставиме изолирани без пат кон ЕУ но не треба ниту да ви прогледуваме низ прсти, изјави францускиот амбасадор Тимоние, после неколкуте инсистирања на модераторот дека датумот во октомври треба да е сигурен.

Можеби ќе те интересира

(ВИДЕО) Бомба во емисијата на Васко Ефтов: Еве како…

loading...
You might also like