Утре ќе биде приведен Курто Дудуш поради физичко и психичко малтретирање?

Loading...

Од љубопитство, се разбира, ја преслушав и јас таа снимка и морам да ви кажам дека сум апсолутно вџашен од она што го слушнав. Снимката е налик на оние сцени од филмот „Балкански шпион“, кога параноикот Илија Чворовиќ (легендарниот Данило Бата Стојковиќ) и неговиот брат Ѓуро (Звонко Лепетиќ), го испрашуваат несреќниот „шпион“ Петар (Бора Тодоровиќ). Ѓуро има краток фитил и ќе го претепа сиротиот Петар, а Илија потоа го убедува „шпионот“ да признае, да се пријави во полиција и го теши: „…А онда Ѓуро ќе ти опростити што те је туко“. Се сеќавате ли на таа сцена?

Снимката е сведоштво за неверојатно насилничко однесување на еден градоначалник, како и за страшното понижување неговата жртва. Просто е неверојатно како тој Дудуш веќе не е во притвор, како против него сѐ уште не е покренато обвинение.

loading...
You might also like