Што прават Стојанче и Тунтев во М Нав? Ќе се судреле два авиони над македонското небо

Loading...

Два авиони за малку ќе се судреле на македонското небо, на осми мај, поради негрижа на македонската контрола за летање, која не успеала да ги координира авионите, па снаодливоста на пилотите спречи огромна трагедија – дознава Економски Лидер.

На осми мај оваа година, огромна катастрофа е избегната на македонското небо. Овој скандал кој М-НАВ го крие веќе два месеци, Економски Лидер ексклузивно го објавува.

Контролорот на летање и близок пријател на претседателот на Управниот одбор на М-НАВ Николче Тасески, издавајќи погрешна инструкција буквално довел два авиони во состојба да се судрат. Има укажувања дека погрешната инструкција директно предизвикала целосно да се изгуби контрола над ситуацијата, а пилотите биле оставени сами на себе. Благодарение на алармот на инструментите во пилотските кабини, пилотите спречиле голема трагедија – дознава Лидер.

loading...
You might also like