И Бранко Црвенковски не се појави на церемонијата за НАТО, а Иванов не бил поканет

loading...

Од Кабинетот на претседателот Ѓорѓе Иванов за Телма соопштија дека Иванов не бил поканет на денешната церемонија за поставување на знамето на НАТО пред македонската Влада. Но, од Владата велат дека Иванов бил официјално и уредно поканет.

Не беа присутни и од раководството на опозициската ВМРО ДПМНЕ. Празно остана и столчето кое беше наменето и за поранешниот претседател Бранко Црвенковски.

На свечена церемонија денеска пред Владата на Република Македонија беше кренато знамето на НАТО.

You might also like