Мијалков донесен на суд

Loading...

Во Кривичниот суд во Скопје за денеска е закажано ново рочиште за предметот „Таргет-Тврдина“ на Специјалното јавно обвинителство, кој се однесува на незаконско следење на комуникациите во периодот од 2008 до 2015 година.

На минатото рочиште беше вкрстено испрашуван сведокот Ѓорѓи Лазаревски, од МВР од страна на одбраната.

Во предметот „Таргет-Тврдина“ на Специјалното јавно обвинителство обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски, Никола Бошкоски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директорот на УБК Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата.

Loading...
You might also like