Ванковска добила закани по живот поради статусот на Фејсбук?

Loading...
Biljana Vankovska
3 hrs

Заканите по живот и натаму продолжуваат. Сите ги документирам, но тоа е помалку важно. Она што е страшно што ми импутираат нешто што ниту сум го рекла, ниту сум го помислила.

Изгледа зборот „Капралак“ си ги буди демоните, оние за кои мислевме дека заспале. Она што го знам и јас и јавноста е дека загинале преку 10-тина луѓе, дека има многу повредени. Никој не спомена кој се возел во автобусот, ниту знаеме која е националноста на жртвите. Впрочем, таа не е битна! Битна е способноста за сочувство и емпатија со сите што на еден или друг начин го загубиле животот или саканите.

Веста е потресувачка, и токму тоа сакав да го кажам во два збора, но излезе дека на оваа јавност треба да ѝ црташ и да ѝ се колнеш дека си хуман. Во моментов, работам на учебник за предметот Транзициска правда, а таа подразбира и соочување со минатото во постконфликтните општества. Очигледно, ова е доказ дека ни оддалеку не сме ги залечиле раните.

Се разбира дека сочувствувам со сите кои настрадаа денес, и да, ова не го пишувам ниту од страв ниту од срам. Се обидувам да допрам до разумот. Очигледно мнозина мислат дека мојата смрт ќе ги задоволи или намали болките на семејствата кои вечерва тагуваат. Ако е така, јас не можам да ве спречам. Пред неколку години бев единствената која го осуди дочекот на Тарчуловски на плоштадот, од истите причини. Тогаш вака ме линчуваа Македонците. Вечерва тоа се Албанците. За жал, несакајќи допрев до некоја болна скриена точка.

 

Loading...
You might also like