Љубчо Георгиевски се изјасни по автобуската несреќа, еве што порача

Loading...

ВМРО-Народна партија упатува искрено сочувство до семејствата на загинатите патници.

– „Во овие тешки моменти како за нивните роднини и пријатели така и за сите граѓани на Македонија упатуваме апел до сите без разлика на вера, нација и политичка определба да го почитуваат овој траорен ден без ситни потфрлувања и иронични мислења за тоа како и врз база на што се случила несреќата. За тоа ќе се погрижат надлежните институции, а тоа што ние најмалку можеме да го направиме е да сочувствуваме со нашите сограѓани, другари, роднини, а на повредените да им посакаме брзо заздравување. ВМРО-Народна партија упатува голема благодарност до сите надлежни екипи но и луѓето кои несебично излегоа на лице место и помогнаа во извлекувањето на настраданите во вечерашната несреќа“, се вели во партиското соопштение.

loading...
You might also like