Германците со совети до Заев: Не ја зголемувај минималната плата

loading...

Делегацијата на германското стопанство во Македонија смета дека новиот закон за зголемување на минималната плата ќе влијае негативно врз атрактивноста на Македонија како локација за инвестирање и дека компаниите ќе се соочат со дополнителни давачки.

Анкета спроведена од Делегацијата на германското стопанство во Македонија покажала дека 15 проценити од анкетираните компании зголемувањето во висина од 10 проценти е прифатливо, а 85 отсто сметале дека Владата треба да ги информира 12 месеци порано за законското зголемување на минималната плата. Шеесет и пет проценти од анкетираните одговориле дека зголемување не е земено предвид во буџетот за 2019 година, имајќи предвид дека не биле навреме информирани.

You might also like