Силјановска го повика Пендаровски на ТВ Дуел

Loading...

Професорката, Гордана Силјановска, бара ТВ дуел со својот противкандидат за претседател, Стево Пендаровски, за кој вели дека и го украл слоганот „За право и правда“. Таа ја обвинува партијата СДСМ дека ја оцрнува и дека и ги извртува изјавите.

Рекацијата на Силјановска ја пренесуваме во целост:

„Моја искрена намера беше и ќе остане да придонесам за фер и демократски избори, преку сопствен пример: со коректен однос кон противкандидатите и со држење на високо ниво на јавна дебата. Уште во моментот кога моето име се појави како можен кандидат, станав цел на ad hominem, лични и навредливи напади од страна на портпаролот на СДСМ. Потоа, господинот Заев почна да ми дели лекции за почитување на Уставот, а сега со партиско соопштение се удира по мојата личност со спинување на кажаното во врска со вчера изречените пресуди. Одлучив да не одговарам на ниски провокации и недолични прозивки, дури и кога доаѓаат од врвот на владејачката партија, и едвај чекав да се соочам со противкандидатот, колегата Пендаровски.

Loading...
You might also like