Дали метлата беше лага, сеуште ништо од неа!

Loading...
Jove Kekenovski
June 11 at 3:41 AM

АПРОПО МЕТЛАТА НА ЗАЕВ И ДРУГИТЕ НЕСНОСЛИВИ ЛАГИ НА ОСТАНАТИТЕ ОД ПОЗИЦИЈАТА И ОПОЗИЦИЈАТА

Преголемата или многу малата лична самодоверба како и немањето капацитет да се најде подобро и поконструктивно решение за некој проблем, не им даваат (на политичарите) јавно да признаат дека грешат, дека избрзале со донесувањето на некоја одлука или ветување или дека отстапиле од првичните принципи и јавни ветувања.
Во таква ситуација кај овие персони ЛАГАТА е таа која ја превзема контролата над управувањето и станува (барем за нив) навидум најдобро решение.
Со лагата политичарите се обидуваат да го победат својот страв дека ќе бидат сменети и исмеани и затоа сметаат на ,,добробитта” на лагата.
На ова се надоврзува и егото. Нивното его работи постојано како часовник и никогаш не застанува. Егото е тоа кое бара од нив да работат и кога не можат и кога не знаат наместо доброволно да отстапат и малку да пододморат. 😎
П.С Никако да сфатат дека се има свој почеток и крај и нема потреба од секојдневно лажење и мамење.

loading...
You might also like