Нов скандал!!! ЛГБТ злоупотребува малолетни деца за парадата на гордоста

Loading...

Нов скандал на настанот на ЛГБТ неделата на гордоста во Скопје. Овој пат, на нивниот настан се појави злоупотреба на дете, кое присуствувало на промоција на книга за хомосексуалност.

На фотографиите кои од ЛГБТ Македонија ги поставиле на нивната Фејсбук страница се гледа дека на промоцијата на книгата „Како да се биде геј“ во издание на Издавачка куќа Темплум, присуствувало и малолетно девојче, кое е во друштво на постара жена и во рацете држи лижавки.

Главен промотор на книгата бил Никола Гелевски од Темплум, издавачка куќа поддржана од министерството за култура.

 

Покрај Гелевски, на промоцијата присуствувале неколкумина активисти на ЛГБТ движењето помеѓу кои и Славчо Димитров, како и младиот Никола Шиндре кој пред две години се прослави во македонската јавност со колумната во која тврдеше дека педофилијата е нормална работа доколку дете консензуално влегува во сексуален однос.

Книгата за тоа како да бидеш геј, која е промовирана пред деца, ќе биде достапна за продажба по промотивна фестивалска цена од 600 денари.

На следниот линк можете да ги погледнете сите фотографии од неделата на гордоста, помеѓу кои има и слики на кои е прикажана тотална голотија.

Со оглед на тоа што сексуалните промоции се забранети за деца, државните органи треба да истражат дали е во рамки на законот да се промовира книга за сексуалност пред деца.

Loading...
You might also like