Експлозија!! Проферсорка по германски го преведи целиот текст! Никаде не пишува дека Меркел ветила датум во Септември

Loading...

Професорката по германски јазик, Антигона Браздова го преведе официјалното соопштение од кабинетот на Меркел за средбата на Заев со Меркел, каде што вели таа нигде не пишува дека Македонија ќе добие датум. Ви го пренесуваме целиот Фејсбук статус на професорката.

Ова е официјалното соопштение од кабинетот на Меркел за средбата на Заев со Меркел. Мојата професорска маленкост (по германски де) никаде не прочита дека ќе има датум во септември. Бујрум, превод за тие што размислуваат со своја глава.

Текст над сликата (на линкот)

Меркел се состана со премиерот на Северна Македонија
Европската интеграција и понатаму да се унапредува

Сојузната канцеларка го прими северномакедонскиот премиер Заев во Сојузната канцеларија. Во фокусот на разговорот, покрај билатералните односи меѓу двете земји, беа (се најдоа) и прашањата околу надворешната и европската политика.

Текстот што е во сива рамка:
Под покровителство на Обединетите нации, балканската република го носи името на Северна Македонија од 12 февруари 2019 година, со што стави крај на својот спор околу името со Грција, кој траеше од 1991 година.
Грчката влада побара од својот северен сосед да се откаже од (да го отфрли) државното име “Република Македонија”
Во привремената спогодба од 13 септември 1995 година, двете земји се согласија да преговараат за пријателско решение за спорот за името под покровителство на Обединетите нации. До официјалното преименување, земјата се викаше “Поранешна Југословенска Република Македонија”

Текстот под сивата рамка:

Поглед кон НАТО и ЕУ

Северна Македонија е ориентирана кон ЕУ и НАТО. Земјата амбициозно го реформираше својот безбедносен сектор во последниве години и постигна голем напредок во владеењето на правото и демократијата. Владата се обврза да ги продолжи преземените чекори за спроведување на реформи.

По добивањето согласност од сите 29 земји-членки на НАТО, Северна Македонија ќе стане 30-та членка на Алијансата најдоцна до 2020 година. Исто така, во поглед на Европа, Северна Македонија значително ја подобри својата позиција за приближување кон ЕУ.

Во април, на покана на германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон, премиерот Зоран Заев, присуствуваше и на состанокот на Западен Балкан, кој се одржа во Сојузната канцеларија.

Loading...
You might also like